Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател, Ѓорге Иванов, вечерва на митингот во Струга порача дека неговиот предизвик е да продолжи да се гради благосостојба за сите граѓани на Република Македонија во економијата, туризмот, земјоделството, индустријатата.
Резултатите од досега направеното се видливи, додаде тој, знаеме што треба да се направи понатаму. Покажавме дека знаеме да работиме со цели и проекти и да ги реализираме. Каде и да одев бев претседател за сите граѓани. Целиот свој мандат бев меѓу својот народ и народот доаѓаше кај мене, рече Иванов.
-Имавме поставена стратешки цели, членство на ЕУ и НАТО. Напорно работев на нивно оствартување. Доказ за исполнувањето на нашата работа и исполнувањето на обврските се 5 позитивни извештаи и 5 препораки на Европската комисија за почеток на преговоритте за членство на Македонија во унијата. Мандатот го посветив на отварање на нови хоризонти на Република Македонија, за македонската економија, образование, наука, култура, уметност, спорт, за младите – рече актуелниот претседател на Република Македонија од Струга.
Меѓу другото, Иванов истакна дека заложбите за привлекување на странски инвестиции продолжуваат. Најави дека ќе се залага за отварање на нови пазари за производи, нови можности и поволности, нови работни местасоздавање на подобар живот во цела Македонија. Најави и заложби за развивање на конгресниот, здравствениот, селскиот и зимскиот туризам во Струга. Најави и нови инвестиции во струшкиот регион и отварање на нови работни места.
Тој нагласи и дека слободата се живее во соживот и отвореност.
-Струга е дел од повеќе етничкиот, повеќе религискиот и повеќе јазичмиот соживот во Република Македонија, соживотот е автентична македонска традиција наследена од предходните генерации но и политичка и институционална обврска на оваа и на идните генерации. Ако претходната деценија беше денценија направа, втората деценија на права и обврски , законот мора да важи еднакво за сите независно од етничката, верската или која било друга припадност. Само така граѓаните можат да ја остваруваат слободата и да уживаат безбедноста за да работат и да имаат квалитетен живот. Се залагав брабев единството, соживотот, отвореноста, сите заедно не само една заедница. Струга е во темелот на Македонија – рече Иванов од говорницата во Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



