| четврток, 6 декември 2018 |

САД со предупредување до Албанија: Не разгорувајте национализам во соседните земји

Американскиот Стејт департмент ги предупреди албанските политички лидери да не разгоруваат национализам во пресрет на изборите што треба да се одржат во јуни затоа што со тоа се ризикува дестабилизација на регионот, пренесува Ројтерс.

Вашингтон ја испратил пораката до министерството за надворешни на Албанија поради се позачестените националистички изјави упатени кон соседните земји во -кои живеат милиони етнички Албанци.

– Такви изјави не само што што ќе придонесе за уште понапнато однесување и ќе го одврати регионот од своите приоритети, туку и потенцијално ќе поттикне насилство, ќе го загрози мирот и стабилноста и ќе влијае на нашите односи, се наведува во писмото.

Американскиот амбасадор во Тирана одбил да го коментира дописот објавен од Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top