Пред почетокот на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, докторката Татјана Баевска- Вучковиќ која е дел од „Тим Македонија“, во гостувањето на отвореното студио зборуваше за тоа зошто е дел од тимот интелектуалци кои го поддржуваат претседателот Иванов.
-Сите оние квалитети кои дефинираат одговорност, респект и почит се основни двигатели за да следиме сите, да твориме кон нешто добро за нашата држава. Имав можност да изминативе години го запознаам претседателот лично и неговото семејство кое што одава впечаток за негување на традицијата на семејните вредности, една посветеност, секојдневно залагање за општо добро за сите нас – изјави Вучковиќ.
Таа истакна дека претседателот и неговот семејство допринеле за реализација на проекти во здравството кои што го унапредуваат и го прават поквалитетно и додаде дека сите од „Тим Македонија“ се обединети за доброто на сите нас и за идните генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани



