Скопје останува неосвоива спортска тврдина. СЦ „Борис Трајковски“ ја продолжува традицијата на СРЦ „Кале“, каде што со години ретко кој европски клуб можеше да го победи Кометал Ѓорче Петров или да слави над машката или женската ракометна репрезентација.
Со последните натпревари на македонските ракометни клубови во Лигата на шампионите, Вардар и Металург, продолжува македонската традиција на „лоши“ домаќини за големите европски тимови и репрезентации.
СРЦ „Кале“ долги години важеше за „жежок“ терен во Европа. Без разлика дали станува збор за македонска ракометна репрезентација, Кометал Ѓорче Петров, РК Вардар…
Сите противнички екипи изјавуваа дека таму е невозможно да се победи. Сите кои го искусиле пеколот во „Кале“ не би сакале повторно да се вратат таму. Во Кале беше освоена и женската Лига на шампионите, а таму се играа и уште две финалиња.
Во „Кале“ репрезентациите се пласираа на светски и европски првенства.
Со изградбата на супермодерна спортска сала или целосен спортски комплекс СЦ „Борис Трајковски“ репрезентациите и клубовите се преселија да играат токму овде.
Во мај 2008 првиот натпревар го одиграа ракометните репрезентации на Македонија и на Исланд. Тоа беше бараж-дуел за Светското првенство 2009 година во Хрватска.
Подобра презентација на спортскиот храм не можеше да се добие. Во тој натпревар првпат најдобрите светски ракометари Кире Лазаров и Олафур Стефансон играа меѓусебе.
Најдобрите стрелци во Лигата на шампионите, најдобрите стрелци во квалификациите. Победи Кире, победи Македонија и се пласираше на СП во Хрватска.
Од „Борис Трајковски“ македонската кошаркарска репрезентација замина на две европски првенства. Од овде ги испраќаме ракометарите на големите натпреварувања.
Во последните три години нашите тимови и репрезентации речиси немаат пораз. РК Металург почна, Вардар продолжи, МЗТ во континуитет, Македонија непогрешлива.
Во „Борис Трајковски“ ќе ја пречекаме и Грција во баражот за Светското првенство.По првиот меч, кој ќе се игра на 7 јуни во Атина, грчките ракометари ќе ги пречекаме во вистински пекол на 15 јуни.
Приматот неосвоива го зазема салата „Борис Трајковски“, каде што годинава три македонски тима играат со најдобрите клубови во Европа. И во иднина салата ќе остане неосвоива, а македонската публика најдобрата и најгласна публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова концертна сала и концертно пијано за учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“
-
Преполна сала: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од Битола најавува убедлива победа во првиот круг
-
Се очекува победа уште во првиот круг: Салата во Илинден претесна за сите членки на УЖ на ВМРО ДПМНЕ
-
Од денеска во продажба билетите за отворањето на концертната сала на Македонската филхармонија