| четврток, 6 декември 2018 |

Членови на семејствата на загинатите во авионската несреќа се судриле со полицијата во Пекинг

protesti

Членови на семејствата на загинатите во авионската несреќа ја обвинуваат малезиската влада дека „ја одлага, извртува и ја крие вистината“ за авионот МХ370.

Демонстрантите побарале од малезиската влада конечо да ја соопшти причината за падот на авионот. Тие фрлија пластични шишиња со вода на малезиската амбасада во Пекинг и побараа да се сретнат со амбасадорот.

Силните полициски сили го обезбедуваа собирот. До судирот дојде кога членовите на семејствата на исчезнатите се обиделе да им пријдат на новинари.

Протестите се организира еден ден откако беше соопштено дека загинале сите патници на малезискиот авион.

Кина во меѓувреме побара од малезиската Влада податоци кои ги довеле до таков заклучок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top