
„Република“ повторно во живо ќе го пренесува митингот на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“. Според агендата на досегашниот претседател и кандидат за втор мандат, Ѓорге Иванов, средбите со граѓаните денеска почнуваат во Лабуништа во 12 часот, потоа во Октиси во 13.30 часот, а во Вевчани со граѓаните Иванов ќе биде во 15 часот.
Централните митинзи денеска ќе се одржат во Струга во 17.30 часот и во Ресен со почеток од 20.30 часот.
Продолжува и нововоспоставената практика, предизборните митинзи да се пренесуваат со посредство на интернет. На нашиот портал во 17 часот ќе почне и програма на отвореното студио, со кое ВМРО- ДПМНЕ како прва политичка партија во Југоисточна Европа нуди нов пристап на анализи и дебати со еминентни гости, а во насока на запознавање на јавноста со програмата и пораките кои се испраќаат од предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во оваа претседателска кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани


