| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица загинаа при престрелка во воена база во САД

voena baza

Две лица се убиени при престрелка во база на Воената морнарица на САД, „Норфолк“, во американската сојузна држава Вирџинија.

Портпарол на базата изјави дека инцидентот се случил синоќа, без да соопшти повеќе детали.
– Местото е веднаш блокирано. Никој не е уапсен за случајот и властите не трагаат по никого – истакна портпаролот.
Според него, убиени се еден морнар и еден цивил, а засега нема информации за други жртви.
Надлежните веднаш почнаа истрага за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top