| четврток, 6 декември 2018 |

Конгресменот Трент Франкс од Аризона ѝ се приклучи на групата пријатели на Македонија

 Rep. Trent Franks

Kонгресменот Трент Франкс (републикец од осмата област на Аризона) e најновиот член на групата пријатели на Македонија и на македонско-американската заедница во Конгресот, информираше Обединетата македонска дијаспора.

– Конгресменот Франкс, шампион во прашањата за човековите права и религиозна слобода на глобално ниво, е голем пријател на Македонија и голем поддржувач на нејзиниот прием во НАТО – рече претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Конгресменот Франкс служи како копретседавач на Меѓународната група за религиозна слобода во Конгресот, која е воспоставена во 2006 година и чијашто цел е да ги следи меѓународните тужби против луѓе, без разлика на нивната верска припадност. ОМД е член на неформалната меѓународна тркалезна маса за религиска слобода, која работи тесно на прашања поврзани со религиска слобода заедно со канцеларијата на конгресменот Франкс.

Конгресменот Франкс, исто така, служи во комисиите на Домот за вооружените служби и правда. Пред да почне со својата политичка кариера, тој 25 години водел мал бизнис.

На 7 февруари 2014 година, 40 членови на Претставничкиот дом на Конгресот, вклучително и конгресменот Франкс, го потпишаа писмото до државниот секретар на САД, Џон Кери во кое го охрабруваат да продолжи во своите напори да го стави проширувањето на НАТО како клучен приоритет за САД и алијансата на следниот самит, кој ќе се одржи во Обединетото Кралство во септември 2014 година.

Пријателската група за Македонија и на македонско-американската заедница во Конгресот е двопартиската група на членови на Конгресот. Служејќи како глас за македонските Американци во Вашингтон, ОМД се радува што работи со сите членови на пријателската група за Македонија во проширувањето на својата работа за засилување на односите меѓу САД и Македонија.

ОМД ги охрабрува сите македонски Американци да контактираат со нивните членови во Конгресот преку овој линк и да ги замолат да се приклучат на двопартиската пријателска група за Македонија и за македонските Американци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top