| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ја оправда довербата и заслужи втор мандат од народот

vmro-vo-ohrid-4

Иванов во рамките на неговите ингеренции работеше напорно и одговорно за Македонија и сите граѓани, покажа огромна активност, ангажираност, упорност во правец да ја оправда довербата на граѓаните, а пред се да и помогне на Македонија во државните и националните интереси.

Ова го истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот централен митинг одржан во Охрид.

Тој посочи дека мандатот на Иванов не бил во лесно време, туку напротив во време на огромни економски кризи кои смениле многу работи, смениле погледи на многу нешта, ја направиле Европа поинаква.

Сепак нагласи Груевски, соработката меѓу Влaдaта и Иванов помогнала за надминување на економската криза и подобрување на македонската економија.

-Тој цврство застана зад реформите на Владата, без попречување, туку отворено да помогне, зошто знае дека помагајќи на тој план им помага на граѓаните. Многумина пред пет години велеа го поддржуваат оти нам ни веруваат, бидејќи незнаат каков ќе биде, но денес и ние кои ја баравме вашата поддршка за Иванов и самиот тој можеме со исправена глава да застанеме пред вас и да кажеме овој човек ја оправда довербата и заслужи втор мандат, таков човек и треба на Македонија, потенцираше премиерот Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека пет години подоцна, Иванов е претседател со големо искуство.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top