| четврток, 6 декември 2018 |

Кај Пендаровски 1.500, кај Иванов 50.000 поддржувачи

ohrid-2

Универзална сала е претесна да ги собере оние 1.500 луѓе, колку што е капацитетот на салата, кои вечерва дојдоа да го поддржат Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ за претседателот. Охридскиот плоштад пак е полн од оние 50.000 кои го придружуваат и поддржуваат кндидатот на ВМРО ДПМНЕ и актуелен претседател Ѓорге Иванов. Вечерва СДСМ кампањата ја започна од скопската Универзална сала, ВМРО-ДПМНе пак започна од охридскиот плоштад. Според проценките на првиот митинг на владејачката партија во Охрид присуствуваат околу 50.000 граѓани.

Ова е најмасовен митинг во Охрид кога и да е одржан. Реки од народ уште пред стартот на Централниот митинг се упатија кон охридскиот плоштад и го преполнија во знак на поддршка кон Иванов и ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори. Со силна поддршка за Иванов застана тимот „Македонија” составен од уметници , актери , пејачи , доктори , студенти , пензионери , граѓани од цела Македонија.

Иванов пред 50 000 луѓе ја презентираше својата програма, зборуваше за своите идеи и цели. Во Универзална пак Стево Пендаровски пред 1.500 луѓе порача дека Македонија е најважната партија. Сопругата на Пендаровски потенцираше дека најсилно верува дека во ова тешко време Македонија го заслужува Стево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top