Претседателот Иванов покажа дека знае и може да го одржи ветувањето и успеа да го исполни она што го вети во 2009 година. Тој е скромен човек и близок до народот, а тоа е она што го ценат граѓаните и гласачите, скромноста и чесноста, па токму ова придонесе неговиот рејтинг да се зголемува изминативе пет години.
Ова го истакна политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во отвореното студио пред почетокот на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Во однос на објавувањето на отчетот, Божиновски нагласува дека е многу тешко да ветиш, а уште потешко д исполниш и токму затоа е потребна отчетноста, за да граѓаните може да проценат.
-За да направиш компарација од она што некој го ветил за време на кампањата и што исполнил по завршување на мандатот е токму отчетноста. Таа може да придонесе граѓаните да видат дали она што е ветено е остварено и колку може да имаат доверба во политичарите – посочи Божиновски.
Тој воедно додаде дека отчетноста придонесува за поголема доверба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Власта преку судот се изживува врз Јанакиески и Божиновски – тврди адвокатот Миланов!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме



