| четврток, 6 декември 2018 |

Боцевски: Иванов не прифаќа компромиси, името е Република Македонија ерга омнес

Ivica-Bocevski-1

Аналитичарот Ивица Боцевски во отвореното студио во Охрид истакна дека на овие избори ќе ја цени програмата на претседателските кандидати во однос на клучната точка, а тоа е прашањето за името.

– Од една страна го имаме Иванов кој пред една година кажа дека неговата политика во однос на името е Република Македонија, ерга омнес, тој не прифаќа компромиси и истакна дека за секое решение ќе се изјаснат граѓаните. Од друга страна немаме јасна позиција, прифатливо име со географска одредница, па решение за шест месеци, што не е можно без промена на името и слично – нагласи Боцевски.

Тој посочи дека мандатот на Иванов донел квалитативна промена во однос на неговиот претходник Црвенковски, а во насока на дејствувањето.

-За Црвенковски врвен дострел беше патувањето на релација Подгорица и Белград. Со Иванов тоа драстично се промени, тој успеа да се наметне и како претседател кој може да посети региони кои не беа посетени. Тоа не значи дека тој ја запоставил регионалната политика, тој има околу 100-тина средби со претседателот на Албанија, Косово, Србија, Бугарија, но беше присутен во Кина, во централно азиските републики, во Русија…., нагласи Боцевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top