
Во писмото, информираат од МНР, министерот Попоски нагласува дека Република Македонија високо ја цени принципиелната позиција и отворената поддршка што ја дава Чешка кон нашата земја од осамостојувањето.
Особено се поздравува поддршката во рамки на Европската унија за што поскоро започнување на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во Унијата.
– Оваа одлука на чешките власти, претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Македонија и Чешка, и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји, се вели во соопштението од МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


