Во охридското село Велгошти Ѓорге Иванов го одржа првиот митинг од изборната кампања, која почна денеска.
– Кога се работи тимски и заедно, резултатите секогаш се видливи! Барам доверба за да работиме заедно како тим за Македонија. Покажавме дека знаеме да ја сакаме Македонија и да се посветиме на граѓаните на Република Македонија. Таа љубов ни се враќа на сите избори затоа ВМРО-ДПМНЕ победува. Затоа што е со својот народ! Затоа Македонија се гради, се гради просперитетот и успехот на Македонија. Од секој наш успешен човек, произлегува успехот на државата – изјави Иванов.
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека му е чест што кампањата ја почнува во Велгошти.
– Ве очекувам за заедно да извојуваме уште една голема, двојна победа за Македонија! Државата пред сѐ! Македонија пред сѐ! – нагласи Иванов.
Првиот голем митинг Иванов ќе го одржи вечерва во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.