| четврток, 6 декември 2018 |

Судот на БиХ осуди четири лица на 79 години затвор за убиство на Хрвати и Бошњаци

102298496
Судот на Босна и Херцеговина денеска осуди четворица припадници на воениот состав на полицијата во Приједор на вкупно 79 години затвор за убиство на околу 200 цивили од хрватска и бошњачка националност на Коричански карпи во 1992 година.

Најголема казна е изречена на Зоран Бабиќ, кој е осуден на 22 години затвор. Милорад Шкрбиќ и Душан Јанковиќ се осудени на 21 година затвор, а Жељко Стојниќ 15 години.

Четворицата обвинети учествувале во злосторства извршени на Коричански карпи, на падините на планината Влашиќ.

Во август 1992 година на ова подрачје се убиени хрватски и бошњачки цивили, кои претходно биле заробени во логори на подрачјето на Приједор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top