Европа и Америка се единствени во поддршката на Украина и на украинскиот народ, рече американскиот претседател Барак Обама во Амстердам.
Многу разговаравме за ситуацијата во Украина, истакна Обама по средбата со премиерот Марк Рут.
– Европа и Америка се обединети во поддршката на украинската влада и украинскиот народ. Обединети сме и во наметнување цена на Русија и за нејзините досегашни акции – рекол Обама, пренесува „Ројтерс“.
Американскиот претседател рекол дека воведените санкции ќе му нанесат штета на руското стопанство и економија и дека во Хаг ќе се сретне со останатите челници од групата Г7 со кои ќе разговараат за понатамошните чекори.
Како што наведуваат аналитичарите, западните челници се помалку се фокусирани на обидите да го убедат рускиот претседател Владимир Путин да се откаже од Крим бидејќи тоа е тешкоостварливо и наместо тоа се обидуваат да го одвратат од посегнувањето кон останатите делови од источна Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.