| четврток, 6 декември 2018 |

Кина не може да ја потврди врската меѓу објектите регистрирани од нивниот авион и мелезискиот „боинг“

боинг

Кинеската влада соопшти дека не може да потврди дали објектите што претходно беа забележени од кинески воен авион, се поврзани со исчезнатиот авион на „Малезијаа ерлајнс“.

Според портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хонг Ли, утре се очекува кинески бродови да почнат да пристигнуваат во регионот за пребарување во јужниот дел на Индиски Океан.

Австралиските власти, кои ја водат потрагата по евентуални остатоци од авионот на летот „МН370“ на „Малезија ерлајнс“ во јужниот дел на Индиски Океан, како што јави ДПА, соопштија дека регионот на пребарување, на 2.500 километри јужно од Перт, нема да биде зафатен од тропскиот циклон Џилијан.

Малезиските власти на крајот на минатата недела соопштија дека лошото време може да ѝ попречи на потрагата по авионот.

Кинески воен авион претходно денеска забележи два бели објекти во форма на квадрат во Индиски Океан во областа каде што постои сателитска снимка за можни остатоци од исчезнатиот малезиски авион, додека САД упатија специјализиран уред за детекција на црните кутии од леталото.

Пилотите на кинескиот авион „ИЛ-76“ ги виделе објектите, поголем пловечки објект и еден малку помал, како плутаат расфрлани во јужниот дел на Индиски Океан и координатите му ги пријавиле на австралискиот команден центар што ја координира мултинационалната истрага, јави кинеска агенција Ксинхуа.

Австралиската Управа за безбедност во пловидбата соопшти дека објектите се забележени при денешното пребарување на просторот и ќе се направат обиди тие да се преместат.

Лошото време им се заканува на напорите за пребарување на просторот од околу 2.500 километри југозападно од Перт. Метеоролозите највија ветер, ниски облаци и намалена видливост.

Истовремено, американската Пацифичка команда соопшти дека во регионот испратила локатор за црните кутии од авионот во случај да бидат пронајдени остатоците на леталото. Локаторот, што се влече зад брод со мала брзина, регистрира сигнали, така што доколку остатоците од авионот се наоѓаат на локацијата, може да го регистрира емитерот на црната кутија до длабочина од околу 20.000 стапки (6.100 метри), се наведува во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top