Сѐ уште се надевам дека пратеничките листи на СДСМ се кромид вести. Ама, па почнувам да мислам дека и ова им е досега невидена стратегија – да го фаќаат народот на смеа и вицови. Еве ако се навратиме наназад имаа неколку добри точки за најава на комедијава: Б.Ц. не ја води партијата, Заев е новиот лидер, Рада ќе се бори за средна класа, Стево ќе го победи Иванов…
Дојде денот на премиерата и ги објавија актерите во комедијата „СДСМ на избори“. Одлична екипа за една уште подобро разработено сценарио за кое СДСМ се мајстори во стилот на нивното владеење „Преџи бриго на другога“. Требаше да знаеме што спремаат уште кога на Шилегов, познат на македонското филмско платно од филмот Бачило 2, му ги открија тендерите, па му беше крива владата што не го фатила. Одлично смислен трејлер. Само за нашите читатели откриваме неколку делови од филмот:
– Шефе, ќе имаме избори, што да правиме? Чек да запишам…
– Јас баце ќе излезам као ме нема, ти текнуе? И јас ви остаам вие као да ја водите партијава, разбираш? И нешо тука као нови луѓе пошо овој народ бара промени и тука улетуете ти и Рада и праите лом…
– Ама шефе, јас не ги покрив тендерите по фамилија, не можам да ги настасам еден бара, друг бара… А Рада вика не очекувала дека ќе одиме на избори и она имала нешто со кирии…
– Сто пути сум ви рекол да чистите позади вас, и те помилуев и реков пази, ама не бива од тебе лидер… сеа нишо чоече, неаме кој. Дај да видиме кого да кандидираме од ова чланствово шо остана, кој дужи за одработуење и да ги даеме жртви, некој мора да е крив за губење. Шо ми требаше со вас да се нафаќам, држ ова ајде нека ви купат коли од партија и одете по луѓе да викате дека ќе враќаме средна класа. Паркирајте се подалеку и одете пешки да не ве гледа ова рајава од чланство шо се нада на победа дека сум ве напраил бродои.
– А за претседател шефе? Да одам јас? Бев еднаш Сулејман на маскембал, убаво ми стои..
– Никако, Стево ќе оди за претседател, убав бил, па барем жените да гласаат за него. Неаме сеа шо да кажеме за него ќе идете со кампања дека Иванов не напраил нишо. И ако ви бараат програма ќе викате „А, овие да не имаа програма“. Со напад до одбрана нели ви текнуе бе..А бе не требаше вас партија да ви остаам ме упропастивте!
Вака ќе праиме сеа. Прво ќе пуштите муабет дека Иванов ќе победи и дека овие избори ќе ги местат, за да напраиме сумња, ти текнуе? После ќе одиме со тоа дека имаме шанси да победиме. Меѓу луѓево ќе праќате муабети као увек, чоече „глуп е овој народ не знае да гласа“, „народот живее у страв“, „само сељаци гласаат за исто“ и такви работи… треба да ги фати инат као децана мали да ги изиграме и за инат за нас да гласаат. Ама пошо ќе изгубиме пошо се забораивте од лежење, сеа ќе стааме некои од по ходников… ене Рената шо ѝ фали, пиши ја Рената у кец. Она увек ме советуе супер. Дај го Шилегов, он ми се има најдено у фирмава на жена ми, нека се најде таму ако треба пак да ве пере у некое Бачило, пиии ко ќе ми текне… И дај кои се сигурни за губење, Стојко уше е кај нас? Пиши го Стојко, тој 3:1 губи сигурен е, башка пензионериве не го сакаат ќе им кратеше пензии. Хари пиши го, има да губи пак за нас, ми дужи за транзицијана. И допиши ги Васко и Марјанчо. И тие ми се сигурни“.
Музиката за филмот ќе биде на Бени Нонстоп, а премиерата почна на 24.03.2014 година.
Мила ем весела
Мила ем весела
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст