| четврток, 6 декември 2018 |

Понеделнички променливо со дожд

prolet-6

Понеделник носи малку побурно време. Ќе почне релативно мирно, но промената ќе настапи уште претпладне во западниот дел од земјата. Таа ќе донесе засилен ветер и врнежи. Врнежите во источната половина од земјата ќе почнат во вториот дел од денот. Локално ќе има услови за краткотраен поинтензивен дожд пропратен со засилен ветер. Поголема веројатност за оваа појава ќе има во попладневните и вечерните часови во источниот дел од земјата. Ноќта носи постепено расчистување на облачноста и постепено смирување на ветерот.

На повисоките планински места, над 1400 метри, во западниот дел од земјата во попладневните часови ќе има врнежи од слаб снег.

Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе остане нешто повисок во централните и во источните делови од земјата и истиот ќе биде во границите меѓу 18 и 21 степен, а во западниот дел од земјата истиот ќе има вредност меѓу 15 и 17 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува утро со умерена облачност, а околу пладне наоблачување проследено со дожд. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од југоисток, а во вечерните часови истиот ќе се смирува. Минималната температура ќе има вредност околу 4, а максималната околу 20 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top