Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово – Велес.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.