| четврток, 6 декември 2018 |

Проблеми со гласањето на финалето на „Икс-фактор“

Вистинска забуна настана  во гласањето уште на  почетокот на  суперфиналето на  „Икс-фактор“, пренесуваат босанските медиуми.

Продуцентите  на шоуто ги  помешале  броевите за  гласање, со што  оние  од  Босна  и Херцеговина кои сакале да  гласаат за Маид, кој на  официјалниот сајт на „Икс -фактор“ се наоѓаше  под  број 5, гласаа за  Тамара  која  вечерва  настапи токму под  тој број.

Бидејќи и двајцата  влегоа  во потесниот  избор, поголеми проблеми беа избегнати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top