| четврток, 6 декември 2018 |

Листата пратеници без раководството на СДСМ

Овој нов концепт, во кој раководството не е на листите за пратеници, испраќа недвосмислена порака и убеденост дека Зоран Заев и неговиот тим се тие што ќе ја основаат идната влада на Република Македонија.

Ова го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по завршувањето на 17. Конгрес, на кој беа претставени листите за пратеници за претстојните парламентарни избори. Toj додаде дека дебата била отворена и дека одлуката била усвоена едногласно.

Претходно, Централниот одбор на СДСМ со мнозинство ги поддржа кандидатските листи на партијата.

Заев пред присутните на Конгресот ги претстави носителите на листите за предвремените парламентарни избори велејќи дека се работи за афирмирани луѓе.

На новинарско прашање кој е најголемиот адут на СДСМ во изборната програма, Заев одговори дека тоа се мерките, кои значат враќање на средната класа.

– Пред сѐ, економијата. Преку 65 проценти се економски мерки. Поради тоа што најголемиот проблем денеска во Република Македонија е сиромаштијата, невработеноста и, секако, финансиските проблеми, што го допираат, буквално, секое семејство, без разлика во кој дел од државата живее, во каква вера верува или каква етничка заедница претставува – рече Заев.

Целосната листа на кандидатите за пратеници на СДСМ тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top