
Фолклорниот уметник Наум Петревски, каратистот Дејан Недев, актерот Рубенс Муратовски, пејачот Мики Јовановски-Џафер, специјалист д-р Борче Ѓоргиевски, доктор Аспазија Стефановска, пензионерката Љупка Ципушевска, стоте успешни студенти од ВМРО-ДПМНЕ, се само дел од тимот „Македонија“, тимот со кој сегашниот претседател Ѓорге Иванов влегува во трка по втор мандат.
Тука влегуваат и Александар Шиколе, Татјана Баевска Вучковиќ, Далибор Јовановски, Душко Богдановски, Југе Трпевски, , Рамиз Дураковиќ, Денко Скаловски, Ана Пејковска и многу други. Тим Македонија ќе работи на промоцијата и поддршката на Иванов, зад кого веќе застанаа многумина јавни личности, но и поголем дел од народот. Се создаде голем фронт за поддршка на досегашниот претседател.
На денешната промоција на програмата на Иванов, со која тој влегува во трка, беше претставен тимот на Иванов кој ќе работи со него за држава со единство, држава во која ќе се унапредува квалитетот на живот, тим кој ќе ја постави државата, пред сѐ, добро уредена држава која ќе овозможи остварување на слободата на секој граѓанин.
– Нема идеи кои поддржуваат промена на името и загрозување на македонскиот идентитет, македонскиот јазик и соживотот во оваа земја – е еден од столбовите на кои се заснова програмата на Иванов.
-Иванов покажа дека Македонија може да има претседател кој е пред се човек кој се грижи за сите граѓани. Иницијативата ја покренавме за да дадеме признание за она што Иванов го направи за својот народ изминативе 5 години. Сега, како што тој се залагаше за својата земја, ние се залагаме за него. Народот го препозна тоа и му покажува дека цврсто ќе застане зад него, рече Софијанова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани


