Поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, 41-годишниот А.Н. ќе заработи кривична пријава откако во петокот по наредба на ОС Битола е извршен претрес во неговиот дом, при што беше пронајден и одземен пиштол од непозната марка.
Битолчанецот немал соодветна дозвола за пронајдениот пиштол од непозната марка, кал. 7,62 мм, а во неговиот дом се пронајдени и 8 парчиња муниција кал. 7,62 мм.
По целосно документирање на случајот поради постоење сомнение за сторено кривично дело, за него ќе биде поднесена кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


