Денескa се одржува првиот круг од гласањето за избор на општинските советници, додека вториот круг е предвиден за 30 март.
Според податоците регистрирани од Mинистерството за внатрешни работи, за овие избори има вкупно 926.068 кандидати.
Општинските избори се избори кои заедно со претседателските најмногу ги мобилизираат избирачите и, според последните испитувања на јавното мислење, околу 77 отсто од Французите велат дека се подготвени да гласаат.
Кристоф Најдовски, чии родители имаат македонско потекло, е кандидат за градоначалник на Париз, каде што ја предводи листата на партијата на зелените. Најдовски е единствен политичар во Франција што се кандидира за толку висока функција, а можеби и во западна Европа, кој е со потекло од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



