
Драган Маринковиќ – Маца со претставата „Маца Махалац“ вeчер премиерно ќе се претстави во Македонскиот народен театар.
Според директорот на Македонскиот народен театар Дејан Лилиќ, се работи за монодрама, стендап, маалска приказна полна со хумор, сатира и меланхолични љубовни приказни. Најави дека во април и мај Маца ќе гостува во МНТ.
Претставата со слоганот „Добро дојдовте на терапија!“, предвидено е да трае околу два часа. Покрај Маринковиќ, ќе настапи и Милена Јовановиќ – флејта, која има и пејачки делови.
Драган Маринковиќ – Маца информира дека текстот на претставата произлегол од колумните на Индира Кучук-Соргуч, објавени во еден сараевски магазин. Текстот, како што рече, подложи на импровизации во зависност од неговата инспирација.
– Претставата ќе ве натера да се насмеете и да размислувате, рече Маринковиќ и додаде дека луѓето сакаат смеа. Тој истакна дека неговиот маалски тип е високософистициран, со критички и самокритички осврт на појавите што го опкружуваат.
Во МНТ претставата ќе се изведе и утревечер, а потоа ќе се прикажува во Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


