Вооружени напаѓачи го застрелале градоначалникот на Танхуато Густаво Гарабај, во мексиканската сојузна држава Мичоакан, соопштија во саботата тамошните власти. Според официјални избори, напаѓачите го извеле атентатот во моментот кога тој го напуштал својот дом. На местото на нападот полицијата открила само две чаури со различни калибри и започнале опсежна истрага.
Во октомври 2012 година врз Гарибај беше извршен неуспешен атентат, исто така, откако излегол од својот дом, по што тогашниот мексикански претседател Фелипе Калдерон му одреди постојана заштита за него и членовите на неговото семејство.
Во сојузната држава Мичоакан активен е наркокартелот Редот на витезите Темплари, чиј водач Насарио Морена неодамна беше ликвидиран во судир со федералните мексикански безбедносни сили.
Картелот Рицарите темплари официјално се огласи во јавноста на почетокот од 2011 година, кога некои групи се одвоија од картелот Фамилијата од Мичоакан. Потоа на улиците во поголемите градови во Мичоакан, каде што е роден поранешниот мексикански претседател Фелипе Калдерон кој им објави војна на нарко картелите во којашто ја ангажира и мексиканската армија, се појавија десетици бели наметки со црвен крст на кои беше објавено формирањето на картелот. Меѓу „рицарите” и „фамилијата” се води жестока и брутална борба за контрола на територијата, во којашто подоцна се вклучија и картелите Лоз Зетас, составена од поранешни припадници на специјалните безбедносни сили и Халиско – Нова генерација.
„Темпларите” последните години се инфилтрирале во поголемиот дел од економијата на Мичоакан, а покрај изнудувањето на заштитата на фармерите и сопствениците на дуќани за што тие се самоорганизраат во милиции за самозаштита, ја контролира и рударската индустрија во оваа сојузна држава и железната руда ја извезува во Кина, според локалните власти.
Државата Мичокан се смета за една од клучните мексикански сојузни држави преку којашто минуваат главните криумчарски канали за дрогата на богатиот пазар во САД каде што се проценува дека од овој криминал се заработуваат повеќе од 40 милијарди долари годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст