Само три месеци траеше радоста на семејството Абушеви заради новоизградената куќа на високиот дел во турското маало во Струмица. Синоќа околу 3 часот од силниот дожд, од ридот кој се издигнува над нивната куќа, се струполија камења и песок , затрупувајќи ја куќата до покривот. Во моментот кога се случила хаваријата, тие спиеле, но за среќа биле во другата соба, а ударот предизвикал голема штета во едната од двете соби.
-Спиевме и одеднаш се стресе цела куќа и сите излеговме надвор. Да бевме внатре штетата ќе беше многу поголема и за нас, рече Ибрах Абушев, сопственик на куќата.
Жителите на турското маало велат дека досега не се случило такво нешто, иако нивните куќи се лоцирани веднаш под ридот. Додават дека сега имаат голем проблем и се загрижени за својата безбедност.
-Одозгора имаме проблем, видете какво е. Лошо е, што да правиме, ни рече Нијази Абушев, жител на турското маало.
Сопственикот на куќата апелира за помош, бидејќи поради непристапниот терен не може сам да ги исчисти наносите за да може да ги санира оштетувањата.
Извор: telma.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


