| четврток, 6 декември 2018 |

Софија го депортира ХАМАС

hamasБугарските власти денеска ги депортираа членовите на делегацијата на палестинското радиклано Исламско движење на отпорот (Хамас), кои престојуваа во посета на Бугарија.

– Бугарската полиција утрово изврши претрес во хотелот каде претсојуваше делегацијата ма Хамас. Полицијаците со употреба на сила ги качија членовите на делегацијата во возила и ги пренесоа до аеродромот, изјави за турската агенција Анадолија, Салах Бердевил, еден од членовите на делегацијата.

Според него, депоратцијата на членовите на Хамас е „резултат на притисокот на бугарски официјални претставници лојални на израелските власти“.

– На овој потег гледам како на политичко ембарго на Европа кон Хамас. Претпоставувам дека ваквата одлука е донесена по силниот притисок на министерот за надворешни работи на Бујарија, кој е со израелско потекло, потенцира Бердевил.

Четиричлената делегација на Хамас допатува во посета на Бугарија во рамките на нејзината европска турнеја што заполна на 13 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top