Со лесна победа на гости во Мајнц ланскиот шампион и континентален првак Баерн од Минхен стаса на еден чекор до прослава на титулата во Бундесллигата. Во следното коло со победа на против Херта, Баварците ќе го кренат пехарот.
Ланскиот вицешампион Борусија Дортмунд рутински ја совлада на гости екипата на Хановер со 3:0, а Шалке 04 како фаворит на домашен терен освои 3 бода против Брауншвајг.
Штутгарт ја искористи предноста од играч повеќе поради црвениот картон во екипата на Хамбургер и освои тешки 3 бода додека Волфсбург не успеа да ги освои трите бода против Аугсбург играјќи нерешено 1:1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.