| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени крадци кои ограбувале викендички во Катланово (видео)

mvr-predmeti-ukradeni-300x161

Двајца жители од скопско Катланово се осомничени дека сториле серија тешки кражби од викендички.

Тие кражбите ги извршиле од средината на октомври минатата година до почетокот на март годинава на подрачје на Гази Баба, во атарот на село Катланово. Осум кражби биле извршени на местото викано Стари Лозја и една на местото Фазанерија.

МВР апелира до сите граѓани кои во споменатиот период биле жртви на кражби, детално да го погледнат видеото и доколку некој од покажаните предмети го препознаат или се сомневаат дека е нивна сопственост да се обратат во СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top