| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството Обама предизвика хаос во хотел во Пекинг

CHINA-US-DIPLOMACY

Мишел Обама, заедно со ќерките и нејзината мајка се во посета на Пекинг, каде што се сместени во претседателскиот апартман во кој ноќевање чини 8.350 долари, но и покрај батлерот, кој им следува, и другите удобности што доаѓаат во пакет со сместувањето, вработените имаат забелешки на гостите и посакуваат да си одат. Најмногу негативни коментари добила мајката на Мишел Обама, Мериен Робинсон, која, наводно, „лаела на вработените од моментот кога пристигнала“.

– Владините безбедносни служби на Кина на САД од четвртокот ги прегледуваат сите што влегуваат во зградата, а ги проверуваат и сите податоци за гостите. Вратата на хотелот изгледа како да сте дошле на аеродром. Тајните служби ги прегледуваат и лифтовите, а гостите што имале веќе резервирано соби, ги преместуваат бидејќи тајните служби ги надлегдуваат и највисоките катови. Едвај чекаме да си одат. Досега многу важни луѓе престојувале во нашиот хотел, но никогаш немало ваков хаос – велат вработените.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top