Дваесет и двегодишниот С.Ј. од Скопје синоќа бил приведен откако нападнал полициски службеник и кон него упатил непристојни зборови.
Постапувајќи по објава за потрага по патничко моторно возило управувано од лица што претходно извршиле физички напад, од полициската единица „Алфа“ ги легитимирале лицата што стоеле до возилото при што С.Ј.(22) од Скопје почнал да вика и да упатува непристојни зборови, при тоа замавнувајќи со рака и удирајќи еден полициски службеник.
Лицето е приведено, по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.