| четврток, 6 декември 2018 |

Ветерниците од Богданци ќе донесат струја за 60.000 граѓани

Вредноста на проектот е над 56 милиони евра од кои околу 80 отсто се обезбедени од германската КФВ Банка

Veternici-500

Ветерниот парк во Богданци, кој е прв во Македонија и го гради компанијата ЕЛЕМ, се очекува да донесе струја за најмалку 60.000 граѓани, односно да исторача најмалку 100 гигават-часови природно одржлива енергија на годишно ниво.

Подигањето и монтажата на 16 ветерни турбини заврши на 20  февруари, вчера заврши поврзувањето со електропреносната мрежа на МЕПСО, а денеска увид на местото извршија вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и генералниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски.

Ветерниот парк, како што истакна Пешевски е со инсталирана моќност од околу 37 мегавати со што ќе се добива  нова количина енерегија произведена во Македонија од околу 100 киловат-часови годишно  или споредбено со нивото на една посериозна хидроцентрала како што е „Тиквеш“.

– Очекуваме во наредните два до три месеци ветерниот парк да биде ставен во функција со што ќе протечат и првите киловат часови електрична енергија произведена со ветер – рече Пешевски.

Вредноста на проектот е над 56 милиони евра од кои околу 80 отсто се обезбедени од германската КФВ банка.

– Изградбата на Ветерниот парк е еден од проектите за искористување на сончевата енергија во Република Македонија, нешто што ќе претставува и туристичка атракција, рече Пешевски нагласувајќи дека Владата ќе продолжи со реализација на вакви проекти.

Директорот на ЕЛЕМ, Бошковски информира дека од вчера почнал тест периодот и приклучувањето на ветерниците на ниско, средно и високонапонската мрежа, односно дека за два-три месеци ќе може да се вклучат во електроенергетскиот систем.

– На овој начин ќе го зголемиме учеството на обновливи извори на енергија во вкупното производство на енергетска енергија во Република Македонија – рече Бошковски.

Проектот за изградба на ветерни електрани во месноста Ранавец во близина на Богданци почна лани во мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top