| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: ДПА ќе биде дел од идната влада

Menduh-Taci-1

-Многумина ги интересира дали ДПА ќе биде дел од идната владата, јас им велам да. Ние ќе бидеме дел од владата а јас ќе бидам вицепремиер на идната влада – изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи на синоќешната промоцијата на кандидатот за претседател на државата, Илјаз Халими, во Гостивар.

Тачи не заборави да го спомне и публицистот Ким Мехмети за кого рече:

– Ким Мехмети со Теута Арифи и Љубомир Фрчковски во 1997 година во Тетово и Гостивар ни зборуваа за соживот. Не спомнувам имиња за да ги етикетирам, туку спомнувам имиња да кажам дека тие излегле од верата – рече Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top