
Покрај Тијана на големата сцена во Копенхаген, за време на Евровизија ќе застанат и уште три македонски пејачки ѕвезди, нејзината сестра Тамара, Никола Перевски Пере од групата Нокаут и Димитар Андоновски, како и еден танчар и откри шефицата на македонската делегација, Мери Попова. Тие ќе ја изведат евровизиската To The Sky потпишана од Дарко Димитров.

Тамара третпат ќе биде дел од Евровизија. Прв пат пееше придружни вокали на најголемата македонска ѕвезда, починатиот Тоше Проески во Истамбул 2004 година во песната Life (Ангел си ти), потоа како главен изведувач заедно со Раде Врчаковски Врчак и Адриан Гаџа настапи на Евровизијата во Белград 2008 година со Во име на љубовта. Пере пак учествуваше како коавтор и придружен вокал во 2002 година кога не претставуваше Каролина Гочева и песната Од нас зависи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


