Бакнежите ги јакнат забите и имунитетот, нè релаксираат од стрес, ги смалуваат алергиските реакции и можат да ни помогнат да ги совладаме разните здравствени проблеми. Ова го докажа науката.
Стоматологот Метју Месина укажува на корисната сила на влажниот француски бакнеж затоа што тој поттикнува производство на плунка, која од забите ги отстранува штетните бактерии.
Научниците, исто така, наведуваат дека со сочните бакнежи можат да се согорат од две до шест калории во минута. Исто така, цела една група на фацијални мускули се активираат при бакнување и само неколку минути дневно се доволни за значително подобар, односно позатегнат изглед на образите и челото.
Експертите укажуваат дека не може да се одрече тоа што при бакнувањето доаѓа до размена на микроби, при што еден е особено опасен за трудниците. Меѓутоа, истражувачите веруваат дека кога тој микроб жената ќе го добие со бакнежите во мали дози пред да затрудни, таа развива отпорност на него и не се пренесува на детето.
Чувството на релаксираност за време на бакнувањето не е само во главата на поединецот, туку студијата спроведена во 2009 година утврдила дека кај мажите и кај жените после бакнувањето имало пад на нивото на кортизолот, односно хормонот на стрес.
Истражувањето спроведено во Јапонија покажало дека двојките што се бакнувале 30 минути имале пониско ниво на протеинот кој предизвикува алергиско кивање и течење секрет од носот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


