Претседателот Иванов вчера го посети струмичко-радовишкиот регион.
Во рамки на посетата, македонскиот претседател ја посети Струмица, каде оствари средба со граѓани и со претставници од Здружението на пензионери од овој град.
Граѓаните на Струмица ја поздравија посетата на претседателот Иванов и му изразија поддршка за неговите досегашни и идни активности. Во разговорите жителите разменија мислења околу тековните и најавените проекти на Владата, чија цел е натамошен развој на Струмица и регионот.
Струмичките пензионери на средбата со претседателот Иванов ги претставија своите согледувања за севкупните остојби во државата, додека пак македонскиот претседател изрази целосна поддршка за реализација на Националната стратегија за стари лица.
Во овој регион претседателот Иванов ги посети и општините Ново Село, Босилово и Василево. Локалното население посакувајќи му добредојде на македонскиот претседател, го запознаа со тековниот живот во општините, додека претставниците на локалната власт ги претставија тековните инфраструктури проекти.
Во Радовиш, масовен број на граѓани го поздравија претседателот Иванов. Во разговорите, жителите изразија задоволство од инвестициите во инфраструктурата и изнесоа предлози и очекувања за натамошен развој на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани







