| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов во посета на Радовиш (ФОТО)

Претседателот Иванов денеска го посети Радовиш каде оствари средба со жителите од овој град.

иван рад

 

Радовишани во масовен број го поддржаа македонскиот претседател и го запознаа со тековните состојби во градот, а притоа дадоа свои мислења и предлози за натамошен развој на Радовиш.

иван рад1

На средбата, жителите ја поздравија извршената реконструкција на регионалниот пат Радовиш-Конче-Лубница, како и изградбата на магистралниот пат Радовиш-Струмица, со што им се олесни движењето кон овие места.

иван рад2

 

Претставниците на локалната власт го запознаа претседателот Иванов со тековните инфраструктурни проекти во општината, каде се изведени шест локални патни правци со должина од над 7 километри, а во 2014 се очекува изградба на уште неколку.

иван рад3

Во разговорите беше нагласено дека од големо значење за економскиот развој на Радовиш ќе биде Технолошко индустриската развојна зона „Радовиш“, чие што основање е во тек. Според жителите, со оваа индустриска зона се отвораат нови можности за привлекување на странски инвестиции, а со тоа и отворање на нови работни места.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top