| четврток, 6 декември 2018 |

Јакни на „Битлси“ продадени за 115.000 фунти

bitlsi

Јакните што во 1965 година ги носеле членовите на групата „Битлси“, Џорџ Харисон и Ринго Стар, во филмот „Help“, на аукција во Ливерпул достигнаа цена од 115.000 британски фунти.

Како што јави Би-Би-Си, на истото наддавање, пијаното „Бекштајн“ од 1907 година на кое Пол Макартни и Џон Ленон ги компонирале песните „Help“ и „Yesterday“, е продадено за 57.000 фунти.

Јакните и пијаното ги продал Ричард Лестер (82), кој ги режираше филмовите „Help“ и „A Hard Day’s Night“, a купувач е анонимен колекционер од Јужна Америка.

Од аукцијата во последен момент се повлечени еден костум и оригинални записи на текстови на песните на „Битлси“, затоа што Макартни ја оспори сопственоста над тие предмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top