Претседателот Ѓорге Иванов денеска го посети Ново Село, каде што со локалните жители разговараше за животот во оваа општина.
Претставниците на локалната власт го запознаа претседателот Иванов со тековните инфраструктурни проекти во општината, каде се изведени пет локални патни правци со должина од над пет километри.
– Јас знам од каде доаѓам и од каде ја црпам мојата сила, од народот – рече Иванов.
Со проект од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, предвидено е во Ново Село да се изгради целосно нов сточен пазар и да се изврши реконструкција на постоечкиот зелен пазар.
Жителите на Ново Село изразија задоволство од завршената реконструкција на системот за грееење во подрачното основно училиште „Св.Климент Охридски“, што значително ќе влијае за подобрување на условите за одржување на наставата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево