| четврток, 6 декември 2018 |

Постар стружанец препродавал кокаин

ПС Струга поднесе кривична пријава против лицето Д.О.(58) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“.

Имено на 22 февруари годинава, при претрес во неговиот дом, беа пронајдени 262,75 грама опојна дрога кокаин.

Пријавениот кокаинот го пакувал во помали опаковки и истите ги криел на различни места во куќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top