| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец кршел шишиња и филџани во казино во Аеродром

Вчера во казиното „Сенатор“ лоцирано на бул.„Јане Сандански“ влегол В.Ш.(41) од Скопје, кој имал забрана за играње на автоматите и на електронските рулети.

Почнал да ги навредува обезбедувањето, вработените и гостите во обектот. Во еден, момент фрлил шише и филџани што биле на шанкот кон вработената, по што била повикана полиција.

В.Ш. е приведен и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top