Пребарувачот „Гугл“ денеска главната страна му ја посвети на легендарниот шампион во Формула 1, Бразилецот Аиртон Сена, по повод 54 години од неговото раѓање.
Сена е роден на 21 март 1960 година во Сао Паоло, а загина во трката за Големата награда на Сан Марино во Имола на 1 мај 1994 година кога излета од патеката и со брзина од 200 километри се заби во заштитниот ѕид.
Сена се смета за еден од најдобрите возачи во Формула 1, освои три шампионски титули, победи во 41 трка и 80 пати успеа да се качи на подиумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


