| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски и Ховит: ЕУ мора да се шири на Балканот

попоски николаПроширувањето на Европската унија со земјите од Балканот мора да продолжи. Тоа е добро од безбедносен и економски аспект за земјите, но и за стратешките цели на Унијата и за зацврствување на нејзиниот кредибилитет, порача министерот за надворешна политика Никола Попоски обраќајќи се на дебатата на тема „Европската унија во 21-от век: проширувањето со нови членки – императив на европската агенда“.

Проширувањето е меѓу најуспешните политики која придонесе за трансформација на кандидатките во модерни демократски општества. Позитивните ефекти се повеќекратни прво во форма на политичка стабилност, унапредување на човековите права, владеење на правото, пазарна економија, подобрување на социоекономскиот развој. Сепак, најзначајно е тоа што од проширувањето на ЕУ е втемелена идејата на проектот за обезбедување долгорочен мир и стабилност.

– Пред десетина години беа дадени ветувања за проширувањето на ЕУ на балканскиот полуостров. Оттогаш  па досега се постигнати одредени значајни придвижувања, но мора да укажеме и на недовршениот процес на интегрирање на одредени земји во тоа семејство. Мора да укажам дека граѓаните на сите земји од регионот сметаат дека тој процес мора да биде заокружен врз основа на принципите на ЕУ, со намалување на можностите за конфликтност и создавање можности за просперитетен живот за сите граѓани, рече Попоски.

Министерот за надворешни работи изрази убедување дека натамошното проширување на ЕУ со земјите од Балканот е вистинскиот начин за сите идни предизвици било од безбедносен или економски карактер и би било продолжение на најуспешниот мировен проект.ховит ричард

Штетноста од одложувањето на процесот на проширување ја истакна и европратеникот и известувач на ЕП за Македонија Ричард Ховит.

– Ако Македонија може да напредува само како членка на ЕУ, а доколку Унијата сака да ја зацрвсти својата надворешна политика, таа треба да ја признае вредноста на вашата земја и на другите земји од регионот, бидејќи вие не сте само соседи на Европа, туку припаѓате во европскиот дом, рече Ховит.

Според него, не може да има кредибилна надворешна политика доколку не може да помогне да се решат проблемите на балканските земји. – Мојата порака е дека европската надворешна политика ќе биде зацврстена со додавање на вашите лични искуства традиција. За Македонија, пак, зачленувањето во ЕУ не е избор затоа што не гледам ниту една друга алтернатива, рече Ховит.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top