| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер тежи само 55 килограми

Седумкратниот шампион Михаел Шумахер веќе два и пол месеца се наоѓа во кома, а, наводно, има само 55 килограми. Шумахер е во вештачка кома по несреќата што ја доживеа на скијањето на 29 декември на француските Алпи.

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ пренесува дека германската легенда има само 55 килограми, односно 20 помалку од пред несреќата во Мерибел, Франција.

Шумахер поради состојбата во која се наоѓа вештачки ја добива потребната количина калории, но мускулите не можат да ја задржат масата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top