Тренерот на европскиот првак Хамбург, Мартин Швалб, ги предупреди своите играчи дека во Скопје ги очекува пеколна атмосфера, а на интересен начин ја прикажа како што вели „специјалната атмосфера“ во салата „Борис Трајковски“.
– Ќе мора експресно да се приспособиме на извонредната атмосфера во Скопје. На чуден начин и капацитетот на салата ќе се зголеми од 6 на 8 илјади, а гледачите создаваат пеколен амбиент. Тоа за нас ќе биде дополнителен мотив за да се прикажеме во вистинско светло. Ќе се обидеме да ја стивнеме атмосферата во салата, со голови и со добра игра. Знам дека ќе биде отежната и комуникацијата меѓу мене и ракометарите, но верувам дека ќе се снајдеме. Без разлика на се сакаме да покажеме дека сме подобар тим од Вардар – изјави Швалб.
Со комплименти за тимот на Вардар, поранешниот германски репрезентативец ја анализира и играта на македонскиот шампион.
– Имаат предност што не играат во домашното првенство и можат да ги одмораат клучните ракометари за настапите во Лигата на шампионите. Вардар има руски шмек со Дибиров, Ратсворцев, Чипурин, тука е и Душебаев, потоа уште неколку извонредни и проверени интернационалци, што ги познаваме добро од големите натпреварувања. Беа и во тешка група, но сепак се пласираа во осминафиналето, што доволно говори за квалитетот на македонскиот шампион – додава Швалб.
Сепак, неговиот тим е фаворит бидејќи ја брани круната од лани, а и квалитетите на Дувњак, Канејас, Шредер, Лацковиќ, Јансен и уште дузина ракометари на ХСВ е добро познат во ракометните кругови.
Мечот ќе се игра утре од 18 часот, а реваншот е за една седмица во Хамбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст