| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку часа без струја Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци

07112011155414_struja

Поради приклучување на паркот на ветерни електрани во Богданци во дистрибутивната мрежа, денеска од 5 до 7 часот без електрична енергија ќе бидат населените места во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Како што информира ЕВН Македонија, 110/10 киловолтната трафостаница Валандово,  од која со електрична енергија се снабдуваат населените места во овие општини, ќе биде во безнапонска состојба за да се овозможи приклучување во мрежата на енергетскиот објект „Парк на ветерни електрани – Богданци“.

По приклучувањето на ветерниците ќе биде воспоставено нормално снабдување со електрична енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top