
Секојдневна медитација во траење од 30 минути ги ублажува симптомите на депресија, покажале резултатите на 47 клинички испитувања.
Научниците ги проучувале промените на симптомите кај личностите кои страдале од различни здравствени проблеми. Го анализирале однесувањето на оние кои страдаат од несоница и фибромијалгија (хронично заболување кое го карактеризира специфична болка во мускулите, сврзувачкото ткиво, лигаментите, замор). Само помал број од испитаниците страдале и од некои ментални болести.
Циклусот траел осум недели, учестувале дури 3.515 учесници, а позитивните ефекти се јавиле и шест месеци по завршеното истражување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


