| четврток, 6 декември 2018 |

Русија не останува должна – воведе санкции против американски функционери

kremlj

Руската федерација не ѝ остана должна на САД и воведе санкции против американски функционери. Прво американскиот претседател Барак Обама прогласи нови сакнции кон 20 лица и една руска банка, Русите возвратија – на девет американски конгресмени, сенатори и чиновници им се забранува да влегуваат на руска територија.

Санкции, меѓу останатите, се воведени и кон Хари Рид, лидерот на демократите во Сенатот, Џон Бејнер, лидер на републиканците во Претставничкиот дом, Бенџамин Роуд, висок советник на Барак Обама, Роберт Менендес, претседател на сенатската Комисија за надворешни работи, Џон Маккејн, поранешен претседателски кандидат и Керолајн Аткинсон, заменик советник за национална безбедност на Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top